Пристигна донацијата од 20.000 вакцини „Астра Зенека“ од Грција

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека пристигна донацијата од 20.000 дози вакцини „Астра Зенека“ од Грција.

– Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини „Астра Зенека“. Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето не поздрави и премиерот Зоран Заев, кој во тој момент се врати од Брисел, посочува Филипче.

Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата, истакнува Филипче, покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација, бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид-19.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на крајот од мај од Брисел најави дека се разгледува можноста за директна билатерална помош за соседните земји, а неколку дена подоцна министерот Филипче соопшти дека Северна Македонија очекува 70.000 дози вакцини, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција. Портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони на почетокот на месецов, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција во координација со Европската комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Северна Македонија и Албанија. Вакцините од Атина за Тирана беа испратени вчера.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски