Припадните на АРМ од штипската касарна добија признание од Црвениот крст

Од:

Генералниот секретар на Црвениот крст Саид Саити денеска на потполковник Горан Петрушевски командант на касарната „Јане Сандански“-Штип му врачи признание за успешната соработка во справувањето со елементарните непогоди.

-Ова признание е се со цел да се оддаде едно прзинание, една мотивација која во идниот период треба да претставува поттик за продолжување на понатамошната соработка, меѓу двете институции. Армијата е партнер на Црвениот крст на Република Македонија на национално, а ова е доказ дека и на локално и регионално ниво таа соработка постои, вели Саити.

Тој истакна дека АРМ е една од институциите, која директно влијае во создавање на позитивни резултати во работењето на Црвениот крст на Република Македонија.

Потполковник Петрушевски истакна дека припадниците на АРМ се поддршка на цивилните власти при справување со елементарните непогоди и природните катастрофи, а денешното признание и е од големо значење за припадниците на АРМ кои секогаш излегуваат во пресрет на граѓаните и институциите.

-Ова признание го добиваме во една јубилејна година кога Армијата на Република Македонија одбележува 25 години од постоењето и во оваа прилика би сакал да истакнам дека хуманоста не е само карактерситика на припадниците на Вториот механизиран Пешадиски батаљон, туку и на сите единици кои се дел од АРМ, вели Петрушевски.

Црвениот крст и припадниците на АРМ во касарната „Јане Сандански“-Штип имаат и одлична соработка во делот на дарувањето на крв, каде што редовно се организираат крводарителни акции.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски