Припадник на АРМ е убиен во скопското село Батинци

Од:

АРМ извести дека лицето А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите беше припадник на Армијата.

„Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот. За време на трагичниот настан лицето не бил на служба во Армијата, односно користел слободен ден. На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР и дежурна служба на Воената полиција“, стои во соопштението од АРМ.

Претходно од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за пукањето во Батинци.

„Денеска околу 10.15 часот во СВР Скопје, лицето М.Е. пријавил дека на влезот на село Батинци, скопско, лицето М.Џ. пукал со огнено оружје кон возило „киа“ кое било во движење. А.М. (50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде во 11 часот од страна на доктор била констатирана смрт“, информираа од МВР.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството на Борјанка Николова го смени исказот – бара ослободителна пресуда

А1он

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он