Прилепскиот градоначалник Илија Јовановски е позитивен на коронавирусот

Од:

Засега се чувствувам добро. Имам само повисока температура и болки во мускулите и чувствувам изнемоштеност, изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој синоќа го добил позитивниот тест на коронавирусот и е во домашна изолација.

Јованоски вели дека се посомневал оти може да е заразен со вирусот, откако благо му се покачила телесна температура.

– Имав температура од 37,2. Се посомневав на симптоми иако немав загубен вкус и мирис. Тестот покажа дека сум позитивен, најверојатно вирусот сум го добил по контакт со позитивен зашто изминатите денови имавме некои состаноци. Сега температурата е 37,6, нема некои проблеми, примам терапија и сум во домашна атмосфера, вели Јованоски.

Јованоски, кој е и специјалист-ортопед по професија и кој во време на пикот на пандемијата во октомври и ноември минатата година волонтираше во приемниот оддел на инфективното одделение, апелира на почитување на заштитните мерки. Особено да нема собирања на младите и по кафулињата.

– Апелирам да се почитуваат сите заштитни мерки. Особено тоа да биде меѓу младите, да не се групираат, да не заседнуваат во кафулињата. Зголемениот број новозаразени во Прилеп е главно поради непочитувањето на мерките и новите бројки се последица, во голем дел, поради собирањата за празникот „Свети Трифун“. Факт е дека новиот, „британски сој“ побрзо се шири и уште поголема опомена е да нема групирања и да се почитуваат мерките, порачува прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој е во домашна изолација, од синоќа позитивен на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он