Прилеп ќе ги награди пожарникарите за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово

Од:

Со 900.000 денари ќе бидат наградени прилепските пожарникари за несебичната пожртвуваност и вложувањето во борбата со големата огнена стихија, пожарот во Мариово кој беснееше околу две недели во првата половина на септември годинава.

-На последната седница советниците ја изгласаа одлуката за обезбедување 900 000 денари од општинскиот буџет како награда за пожарникарите за нивните труд и пожртвуваност кога Прилеп се соочи со големиот пожар во Мариово, најголемата огнена стихија во историјата на градот и која опфати најголема територија од сите пожари во државава, изјави Ирена Стерјоска Локвенец, претседателка на општинскиот совет на Прилеп.

Пожарот во Мариово беснееше во периодот од 1 до 10 септември. Во гаснењето беа вклучени пожарникарите од прилепската противпожарна еденица, нивни колеги од другите градови, припадници на МВР и на АРМ и на Дирекцијата за спасување.

Противпожарната единица во Прилеп, надлежан за Регионот и за општина Долнени брои 44 пожарникари од кои 34 се вработени на неопределено, а 10 се на определено работно време. Според бројот на жители, во единицата треба да има 65 пожарникари и во наредниот период да се обнови целата опрема за ефикасно дејствување.

Би можело да ве интересира

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ

Пожарот во Мариово е ставен под контрола

Се проширува пожарот во Мариово

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ги тужи пожарникарите додека тие го ризикуваат животот во гасење пожари, велат од СДСМ

Горан Наумовски

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати

A1on

Пожарникари извлекоа паднат човек во реката Драгор

A1on