СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДС и Кузеска да престанат да шират дезинформации и да ја манипулираат јавноста. Заврши времето кога работниците во државата СДС и ДУИ со месеци ги оставаа без плата. СДС и ДУИ ги оставија без плати со месеци вработените во АД Водостопанство и ЈП Македонски шуми. Тоа време заврши. СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фактите се дека ова е првпат во историјата на нашата држава да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се подобри животната средина.

Што се однесува до исплатата на учесниците за оваа мерка која е наведена како 6.2 во оперативниот план и е наменета за заштита од пожари, средствата се обезбедени и не станува збор за никакво вонредно плаќање.

Лицата кои се вклучени во мерката се ангажирани на 8.8.2025 година, документацијата, извештајот за редовност, за исплата од страна на организаторот веќе е во тек и ќе биде испратена до Центрите за вработување по што ќе следи и исплатата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, со цел да им обезбеди подобар животен стандард и поквалитетни услуги, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски