Пријавени два случаја на семејно насилство

Од:

Два случаја на семејно насилство се пријавени вчера во полиција.

Во првиот случај синоќа, во 23.50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.М.(39) од Битола.

Како што се наведува во МВР-билтенот, тој околу 21 часот физички ја нападнал неговата 41-годишна поранешна сопруга.

По целосно документирање на случајот, како што се наведува, ќе следи соодветен поднесок.

Во вториот случај, пак, вчера во 16.50 часот во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Бит-пазар била нападната со тврд предмет од нејзиниот брачен партнер М.В..

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие: Четири лица се уапсени

Нападнати се син, брат, сопруга и партнерки – петмина насилници завршија со лисици на рацете

А1он

Три лица лишени од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство

Три лица се уапсени за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие

Горан Наумовски