А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Прифатните транзитни центри во Македонија се со капацитет за 2.000 лица

by А1он27/10/2015 - 17:56251
Share0

Македонија има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци. Имаме капацитет за 1.500 лица на влезот во државата во Гевгелија на јужната граница и за 500 лица на излезот на државата на северната граница. Тоа се привремени трнзитни центри во Гевгелија и на Табановце, каде на бегалците ќе им се понуди вода, храна, здравствени услуги, се додека не продолжат со својот пат, беше истакнато на денешниот брифинг во Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Оттаму посочија дека станува збор за прифатни транзитни центри со капацитет за 2.000 лица, а не за бегалски или мигрантски кампови.

Транзитирањето на бегалците низ Македонија се прави легално, во рок од 72 часа. Беше посочено дека Македонија е кратка дестинација од 160 километри и оти не е логично кај нас да се задржуваат подолго време, бидејќи крајна дестинација им се Германија, Шведска, Норвешка, Холандија…

Статистиката покажува дека Македонија во однос на минатите години се соочува со огромен пораст на бројката на мигрантите кои транзитираат низ неа, како за пример во 2008-та година оваа бројка изнесувала 1,448 лица, додека пак оваа година досега изнесува 424.656 лица.

Следете a1on на Youtube YouTube
migranti

Би можело да ве интересира

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Горан Наумовски06/09/2026 - 16:27

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео