Придавката „македонски“ не помина, EП бара реформи во судството и медиумите

Од:

Комисијата за надворешни работи на Европскиот параламент  со 60 гласови за и само еден против ја усвои предлог резолуцијата за „Политиката и критериумите за проширување и стратегиските интереси на ЕУ“, предложена од грчката европратеничка Мариа Елени Копа.

Во усвоениот документ се нагласува дека „проширувањето мора да остане кредибилен процес“ и „поради тоа е значајно ЕУ да ги исполни своите дадени ветувања и да создаде услови кои ќе осигураат дека идните проширувања ќе бидат успешни“.

Од земјите-членки на ЕУ се бара да го одржуваат моментумот на процесот за проширување со повторното потврдување на европската перспектива на секоја од земјите кандидатки или потенцијални кандидатки.

Резолуцијата предвидува земјите да се оценуваат според исполнетите критериуми, копенхашките критериуми остануваат „срцето на политиката за проширување“.

Европратениците уште еднаш нагласија дека „вистинското помирување помеѓу различни нации и народи, мирното решавање на конфликти и воспоставување на добрососедски односи меѓу европските земји се од суштинско значење за одржлив мир и стабилност“. Затоа, тие ги ставаат добрососедските односи на клучно место во евоинтеграцијата и процесот на проширување, бидејќи голем број на земји кандидати и потенцијални кандидати продолжуваат да имаат нерешени прашања со соседите, па оттука и барањето на ЕП, „сите засегнати страни треба да работат отворено кон решавањето на билатералните тензии, каде овие прашања треба да бидат решени пред пристапувањето“.

Европратениците исто така се договорија за компромисен амандман во кој се повикува ЕУ да ги поддржува напорите за решавање на отворените билатерални „разлики“, во согласност со одредбите на меѓународното право: Повелбата на ОН и релевантните резолуции на ОН, како и Хелсиншкиот Завршен Акт. Во случај да не биде можно да се постигне билатерален договор, ЕП советува предметот да биде доставен до Меѓународниот суд на правдата или страните да се заложат за обврзувачки арбитражен механизам.

Од амандманите на резолуцијата поврзани директно со Македонија, не помина тој на британскиот европарламентарец од Алијансата на либералите и демократи, Ендру Даф, во кој тој бараше во текстот да се замени референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“ со „Македонска држава“.

Во резолуцијата е поздравена иницијативата на Европската комисија за пристапниот дијалог на високо ниво со Македонија, затоа што нивната цел е создавање „свежа динамика во реформскиот процес и се нагласува дека тие иницијативи на никој начин не смеат да ги заменат формалните преговарачки процедури“. Европратениците го поздравуваат новиот преговарачки пристап во кој се дава приоритет на прашањата поврзани со судството и фундаменталните права, како и правдата и внатрешните работи. Со резолуцијата се бара и независност во судскиот систем и осигурување на слободата во медиумите и на хартија и во пракса.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески