Прибе со група експерти доаѓа во Македонија

Од:

Пензионираниот директор на ЕК, Рајнхард Прибе, заедно со група експерти повторно доаѓаат во Македонија, објави на веб-страницата на ЕК, евркомесарот за проширување Јоханес Хан.

Во оваа група ќе бидат истите експерти кои го подготвија Извештајот со препораки, поврзани со прислушуваните материјали во 2015 година. Нивната работа придонесе за Извештајот со барањата за итни реформски приоритети, изготвен од Комисијата, по која беше потпишан Договорот од Прижно.

Групата експерти ќе ја посети земјата наскоро за да изврши анализа на тековната состојба, и да утврдат дали се спроведени нивните претходни наоди и препораки за тоа како да се одговори на загриженоста за системско владеењето на правото, во кое има назадување во последниве години.

Хан побарал од евроамбасадорот во Македонија со новата Влада да разговара за пошироките приоритети во однос на реформите неопходни за приближување кон ЕУ, со конкретни резултати рокови и како ЕУ може да обезбеди помош и совет за овие реформи.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски