Прибе без одговор до каде е имплементацијата на реформите

Од:

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, не даде одговор за медиумите кои од итните реформи што Владата требаше да ги спроведе се имплементирани, како тече процесот и дали има напредок. Единствено што потенцираше Прибе е дека напредокот на реформите во минатото бил бавен процес. Германскиот експерт ја доби титулата почесен професор на Универизтетот Фон и кажа: „Не сум тука за да дадам политички совет, како што правев во другите ситуации. Тука сум да бидам слободен човек на Универзитетот“

Во врска со реформите, тој за време на церемонијата истакна дека најважно е да се разговара што ќе биде во иднина, место сè уште да се зборува што било погрешно во минатото.

„Процесот на реформи треба да биде создаден да гледа напред, а не назад. Очигледно напредокот беше пребавен во изминатите години. Уште поважно, големиот јаз меѓу двете партии мора да се надмине со тоа што ќе се најде заеднички консензус за тоа што треба да направи земјата“, потенцираше Прибе.

Во пакет-реформите што требаше да бидат импламентирани беа контролата на комуникациите, судството и обвинителството, надворешниот надзор од независни тела, начинот на спроведување на изборите и состојбата во медиумите.

Прибе во својот говор се осврна и на договорите со Грција и Бугарија, кои ги даде како позитивен пример за напредок на земјата.

„Се плашам дека не зборувам македонски, ако е ова вистинскиот збор што можам да го употребам по преспанскиот договор. Договорот со Грција за спорот со името е неверојатен, да бидеме реални, кога двајцата премиери го потпишаа договорот сите бевме скептични дали ќе се имплементира. Откако грчиот парламент го прифати влезот на Северна Македонија во НАТО, направен е последниот чекор за имплементација на договорот. Договорот е извонреден пример за тоа што можат да постигнат политичарите кога имаат храброст“, рече Прибе.

Тој потенцираше дека процесот за влез во ЕУ на Македонија ќе биде подолг и поболен.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Познати професори и правници ќе го реформираат Судскиот совет

Горан Наумовски

Работна група без ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на нов Изборен законик

Орце Костов

Маричиќ: Почнувањето на преговорите клучно во дефинирање на темпото на реформите

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на концепцијата за реформи во основното образованието

(ВИДЕО) Маричиќ: Ги спроведовме реформите, сега на ред е Европскиот совет

А1он

Жбогар: Се надеваме дека законот за ЈО ќе биде усвоен пред распуштање на Собранието

Драган Поповски