Презентиран проектот „Социјална инклузија преку социјалните медиуми меѓу граѓанските организации и социјалното претприемништво“

Од:

Во Штип денеска беше презентиран проектот „Социјална инклузија преку социјалните медиуми меѓу граѓанските организации и социјалното претприемништво“, а кој предвидува со европски пари да се градат капацитетите на невладините организации.

Оливера Трајковска, проект менаџер вели дека имаат за цел лицата со посебни потреби да се вклучат во секојдневниот живот и полесно да најдат вработување. Во проектот предвидена е и обука на претставници на nевладини организации, кои делуваат во доменот на социјалната инклузија, како и лица со посебни потреби, потоа лица во социјален ризик и кои долгорочно не се вработени, како резултат на селективниот пристап на институциите.

– Сметаме дека овој проект ќе биде делотворен со самите обуки, што ќе ги организираме, а ќе имаат и менторска поддршка и од два месецa. Исто така, ќе можат да направат и бизнис плал, ќе имаме 50 учесници од кои 10 најдобри ќе имаат патување во Словенија, каде што ќе посетат фабрики или фирми кои што веќе работат со социјално претприемништво, вели Трајковска.

Во рамките на проектот предвиден е и Интернационален форум, на кои пред бизнис заедницата ќе бидат и презентирани бизнис плановите. Добрите бизнис планови ќе бидат поддржани и од Агенцијата за вработување, а проектот ги вклучува источниот и североисточниот регион, односно Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија и мултиетничката асоцијација „Линда“ од Куманово ќе работат на терен во општините Штип и Виница и Куманово и Крива Паланка.

Обуките во рамките на проектот „Социјална инклузија преку социјалните медиуми помеѓу граѓанските организации и социјалното претприемништво почнуваат од ноември.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски