Презентација на извештај за спречување на дискриминација врз ромските деца

Од:

Извештајот од проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ ќе биде презентиран денеска на Конференцијата „Без разлики.

Извештајот е изработен од Националниот ромски центар од Куманово, во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“.

Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат премиерот Зоран Заев, амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, пратениците Амди Бајрам и Самка Ибраимовски, народниот правобранител, Иџет Мемети и извршниот директор на НРЦ Ашмет Елезовски.

-Нивото на свест за препознавање и заштита од дискриминација сѐ уште е ниско. Добар дел од граѓаните не се ни свесни дека се директно или индиректно дискриминирани, а недоверба постои и кон институциите и органите надлежни за санкционирање на сторителите, односно оние кои дискриминираат. Ова се само дел од заклучоците од реализација на проектот „Спречување на дискриминацијата кон ромските деца“, кој ќе биде презентиран денеска.

Целта на проектот, финансиран од ЕУ е промоција на социјалната интеграција на ромските деца во општеството преку ефективна заштита на нивните основни човекови права. Активностите се имплементираа изминатите две години во општините Куманово, Крива Паланка, Кичево, Кочани, Штип и Прилеп.

Најчестите проблеми кај Ромите на тема дискриминација се врзани за матичната евиденција, но тие повлекуваат проблеми со социјалната и со здравствената заштита, образованието, домувањето и со други сфери на живеење.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

A1on

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска