Презентација на анализата за проценката на влијанието на регулативата на Законот за судови

Од:

Во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска ќе се одржи тркалезна маса на која ќе биде презентирана работната верзија на анализата за проценката на влијанието на регулативата на Законот за судови.

На тркалезната маса најавено е учество на министерката за правда Рената Дескоска, судијата во Врховен суд и претседател на Здружение на судии, Џемали Саити, дректорката на Институтот за европска политика – Скопје, Симонида Кацарска, програмската директорка во Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, Ивана Најдоска и истражувачот во Институтот за европска политика – Скопје, Ива Цоневска.

Проектот „Примената на проценката на влијанието на регулативата (ПВР) врз Законот за судови“ е поддржан од Институтот за демократија „Социетас Цивилис” Скопје (ИДСЦС) во соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА), во рамки на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази“, финансиран од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ