Превентивна акција против џебни кражби во Кавадарци

Од:

Превентивна акција против џебни кражби се реализираше денеска во Кавадарци, во организација на Отсекот за превенција при СВР Велес и кавадаречката Полициска станица од општа надлежност. Имајќи предвид дека најчести жртви на џебџиите се лицата од третата доба, во рамките на акцијата на постари кавадарчани им беа делени флаери со информации како самите да се заштитат, за да не бидат плен на крадци.

– Постарите како впрочем и сите останати, треба да внимаваат на својот паричник и добро да го обезбедат, особено кога се надвор од домот. Особено да бидат внимателни кога се на пазар, во пошта и банка, пред банкомат. Да не им веруваат на непознати. Веднаш да повикаат полиција, доколку забележат нешто сомнително, појасни Димитар Каракулев, инспектор за превенција при кавадаречката полиција.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он