А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Претставување на Македонија на саем за туризам во Софија

by А1он15/02/2013 - 20:27186
Share0

Во организација на тимот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Македонија успешно ги претставува туристичките потенцијали и можности на саемот за туризам во Софија, кој завршува утре.

Добивај вести на вибер

Република Македонија ги претстави своите туристички потенцијали и можности на официјална прес-конференција пред голем број новинари. Гостите исто така имаа можност да уживаат во традиционална македонска храна и прекрасни вина.

– На полето на туристичката размена, резултатите на АППТ за 2012 година покажаа дека Бугарија се наоѓа на петтото место после Грција, Турција, Србија и Холандија. Ние работиме на тоа Бугарија да најде меѓу првите три наши туристички партнери затоа што за тоа ги имаме сите претпоставки и затоа што тоа им доликува на нашите два блиски соседни народи, изјави македонскиот амабасадор во Софија Благој Ханџиски.

Васко Шутаров, директор на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија истакна дека културата е едно од најпрепознатливите обележја на земјата и едно од највредните туристички богатства, што нашата држава може да им го понуди на гостите од сите светски меридијани.

– За публиката во Софија, во рамките на програмата на Културно-информативниот Центар, помогнато од Министерстввото за култура, организиравме концерт на младата гитаристка Македонка Ичева, која покрај класичниот опус на гитара, се претстави и со обработка на познати македонски евергрини и староградски песни. И на македонскиот штанд на Саемот, единствено ние како држава имавме своја културна програма, а настапот на Македонка Ичева со грст интерпретации од најубавата македонска музичка ризница, предизвика исклучителен интерес кај гостите на Саемот за туризам-Софија 2013 година, изјави Шутаров.

Економскиот промотор на Македонија во Бугарија Ана Стојкова потенцираше дека Бугарија претставува исклучително важен економски и туристички партнер на нашата земја и од двата аспекти е позиционирана во првите пет земји со кои Македонија остварува успешна соработка во изминатите години.

– Во рамките на Меѓународниот саем за туризам беше организирано успешно претставување на новините во областа на туризмот на Македонија пред речиси стотина тур-операторите и туристички новинари од Бугарија. Ваквиот одѕив на презентацијата и на впечатливиот штанд, посетата на министерот за економија Делјан Добрев и остварените меѓусебни бизнис контакти се релевантен показател за интересот на бугарските туристи за Македонија како туристичка дестинација и ни дава за право да очекуваме зголемување на нивниот број во нашата земја во идниот период, вели Стојкова.

Македонија се претставува на осмиот по ред меѓународен саем оваа година од вкупно седумнаесет со свој впечатлив штанд и нови промотивни материјали.

turizam

Би можело да ве интересира

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Предраг Петровиќ15/08/2024 - 19:35

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски29/12/2023 - 08:0129/12/2023 - 08:03

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски28/12/2023 - 10:2328/12/2023 - 10:32

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски21/07/2023 - 15:1421/07/2023 - 16:25

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он02/09/2021 - 16:52

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

А1он13/08/2021 - 14:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен