ВИДЕО: Претставниците на ФДМ во Малта се сретнаа со Заев

Од:

Претставниците на Форумот за демократска Македонија во Малта, Игор Филевски, Живанка Витанова и Стево Ѓоргиев, се сретнаа со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, за време на неговата дводневна посета на оваа држава.

Како организација на иселениците што се залага Македонија да биде демократска и правна држава, претставниците на ФДМ, изразија поддршка на Владата за решавање на спорот за името со Грција и напорите за интеграција во НАТО и ЕУ.

29 мај 2018, Малта

29 мај 2018, Малта“Очекуваме нови инвестиции од Малта, зголемување на трговијата меѓу двете земји, изјави во Малта Премиерот на Република Македонија Зоран Заев и додаде “јас верувам дека слушајќи ги нивните (#ФДМ) мудри аргументации за одредени прашања, многу актуелни, можам многу што да научам од поискусни луѓе и од мене кои што се членки на Форумот за демократска Македонија.“#ПоинакваДијаспора

Posted by Forum for Democratic Macedonia – Форум за Демократска Македонија on Среда, 30 мај 2018

Беа упатени и забелешки за дел од кадровските решенија, на дипломатскиот дисконтинуитет во одредени земји со непоставувањето на амбасадори, на несоодветната родова застапеност на функциите, како и „нерешените судбини на свиркачите“ кои придонесоа за демократизација на Република Македонија и создавање услови за нов демократски процес во чекорењето кон правна држава.

Македонскиот премиер Зоран Заев напомена дека Владата секогаш ќе биде отворена за секоја конструктивна критика и ќе дејствува во подобрување на нејзината работа.

Премиерот Заев објасни за проблемите со кои се соочува Владата при реализирање на родовата еднаквост на функциите и настојувањето тој сегмент да биде подобрен во следниот период, па се` до начинот на кој ќе се решат испразнетите амбасадорски места. Заев напомена дека Вршители на должност ќе бидат поставени во сите административни центри каде се чека нов амбасадори се додека не се реализира процесот што не може да добие своја разрешница без согласност од Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Во Малта наскоро ќе биде отворено конзуларно оделение, поради се` поголемиот број работници што доаѓаат за работа во оваа островска држава.

Што се однесува до прашањето за „свиркачите“ Премиерот Заев рече дека Владата прави се` за нивно згрижување за да го пребродат вакуум просторот создаден поради правните ситуации во кои се затекнати. ФДМ и натаму ќе бара решение од Владата поради суштинската улога на „свиркачите“ во откривањето на корупцијата и злоупотребите на функциите од позиција на моќ.

По прашањето за решавањето на проблемот со Грција и евентуалниот Референдум, Премиерот Заев ја образложи реалната и правната ситуација во однос на гласањето во дијаспора, од условите кои ги имаат иселениците за гласање според Уставот и Законите во овој момент, до опцијата за подобрување на можностите за правото на глас на иселениците.

Во понатамошниот дел од средбата по предлог од ФДМ беа предложени следни средби со Малтежани кои имаат влијание во туристичкиот бизнис и севкупната економија на островот, а претставници на македонската влада би можеле да ги информираат за можностите за инвестирање на релација Малта-Македонија.

Премиерот Зоран Заев рече дека иселениците недвојбено се сметаат за важен фактор како за економијата и инвестициите во Македонија, така и за конструктивната критика која ја упатуваат со цел подобрување на администрирањето и функционалноста на македонската влада.

Втората работна средба со Премиерот е закажана за денес попладне, по неговата средба со Премиерот на Малта и Претседателката на државата. На втората средба ќе бидат присутни и други претставници на здруженија кои се застапени на островот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска