Претставници на ЗНМ и ССНМР се сретнаа со министерката Царовска

Од:

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска имаа работна средба со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. На средбата, како што соопшти ЗНМ, се разговарало за можноста новинарите стечајци од затворените локални радија да бидат опфатени со измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на стечајците.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја запознаале министерката Царовска со нерешениот проблем со новинарите од локалните радио-дифузери. Чаусидис и Селмани побарале од Царовска сериозно да се разгледа можноста овие колеги материјално да се обезбедат и со тоа да се исправи една голема неправда.

Претставникот на новинарите со статус на стечаен работник, Љупчо Јакимовски во детали и објаснил на министерката за, како што посочил, целата голгота низ која поминале колегите од 2008 година, кога на нетранспарентен начин бил избришан еден став од член на законот за радиодифузна дејност.

Министерката Царовска истакнала дека Владата има политичка волја конечно да го реши прашањето со сите стечајни работници, ветила дека сериозно ќе го разгледа барањето на ССНМ и ЗНМ и оти во најскоро време ќе ги извести за начинот на решавање на статусот на новинарите стечајци од затворените радија.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада