Претставници на Форумот за демократска Македонија се сретнаа со Шекеринска во Вашингтон

Од:

Претставници на Форумот за демократска Македонија, Тодор Арсовски, Анета Георгиевска – Шајн, Харис Фезлиу, Блаже Димов и Кристијан Фидановски во Вашингтон се сретнаа со вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Членовите на Форумот ги поздравија чекорите на Владата во преговорите со Грција и напорите за интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ, се наведува во соопштението на Форумот.

Претставниците на Форумот го охрабрија ставот на Владата за потребата од вклучување на опозицијата во сите процеси, што неодамна резултираше и во консензуално донесување на неколку закони. Од Форумот беше нагласена потребата за забрзување на реформските процеси и административниот капацитет на државните тела.

Се разговараше и за начините на кои стручни лица од дијаспората можат да се вклучат на доброволна основа во советодавни услуги како придонес во овие процеси.

Се дискутираше и за јакнењето на меѓуетничките односи, посебно кај помладото население, преку интензивирање на работата на невладиниот сектор и во рамките на образованиот систем. Беше истакнато и залагањето на Форумот за демократска Македонија да биде вистински претставник граѓаните на Македонија кои живеат и работат надвор од земјата во сета нивна разноличност.

Би можело да ве интересира

Русија распореди три „прстени“ за воздушна одбрана за да ја заштити Москва

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Шекеринска: НАТО нема да се двоуми во обезбедувањето помош за Украинa

Горан Наумовски

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана