Претседателството на ДУИ почна состаноци за позиционирање по изборите

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во седиштето во Мала Речица одржува состанок на претседателството, а најавија дека ќе следува и состанок со коалициските партии за нивно позиционирање по резултатите од изборите.

Шефот на изборниот штаб Арбр Адеми го повтори партискиот став дека нивниот коалициски „Европски фронт“ добил легитимитет од граѓаните.

-Врз основа на констатациите на сите институции и врз основа на изјавите на ОБСЕ, изборите беа фер, слободни, демократски, истата констатација ја имаме и ние внатре во ДУИ. Овој легитимитет потврден од страна на граѓаните не може да се оспори, ни со инженеринг, ни со политички договор, не може да се оспори волјата на народот и на државните институции кои се одговорни за спроведување на изборите. Последно што разговаравме беше утрешен работен состанок со сите политички партии кои го сочинуваат „Европскиот фронт“ во Скопје, изјави Арбр Адеми.

Според Адеми, сите политички партии што се во „Европскиот фронт“ ќе продолжат да делуваат заедно.

– Најважно е што граѓаните силно ја поддржаа ова опција и таа поддршка на програмата да ја реализираме во државната политика. Ние имаме обврска, имаме задача да го спроведеме тоа. Граѓаните очекуваат да се продолжи патот кон интеграција во Европската Унија и оваа средба е за да се обезбеди европскиот пат на граѓаните и да продолжат преговори со ЕУ, кои ДУИ ги започна, рече Арбр Адеми.

Средбата на Европскиот фронт е закажана за утре во 13 часот.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски