ВИДЕО: Претседателските избори на 21 април, локални ќе има во 3 општини

Од:

Поради Велигден ќе се помести првичната идеја за одржување на претседателските избори на 14 април за една недела. Според проценките на собранискиот спикер Талат Џафери на 21 април би можел да се одржи првиот пруг, а на 5 мај втор круг од претседателските избори. Најдоцна до 8 февруари ќе се распишат претседателските избори. Во три општини ќе има и локални избори исто време со претседателските избори, информираше денеска Џафери.

„Во однос на претседателските избори чиј прв круг требаше да се одржи на 14 април, а вториот круг на 28 април, имајќи предвид дека на 28 април е Велигден, на размислување сме да се посмести за една недела на 21 април, а вториот круг на 5 мај. Со тоа ќе се обезбеди можноста најкасно на 8 февруари да се распишат претседателските избори за да се обезбеди законскиот рок. Изборите се распишуваат не подолго од 90 дена од денот на одржување, но не пократко од 70 дена од рокот на одржување на изборите”, рече Џафери.

На 12 мај истекува мандатот на претседателот Ѓорге Иванов и на тој ден за да се обезбеди континуитет, Џафери смета дека треба да се обезбеди инаугурација на новиот претседател и да се обезбедат сите околности и рокови за да се заврши процедурата.

Имајќи предвид дека во 3 општини има вршители на должноста, во една поради оставка на градоначалникот на Ново Село, а во Дебар и во Охрид поради починување на градоначалниците, Џафери вели дека е потребно да се распишат локални избори за нови градоначалници.

„Се следат роковите и истиот ден кога ќе биде изборот на претседател, ќе се гласа и за избор на градоначалници во овие општини”, додаде тој.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он