Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Од:

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера го посетил Њу Џерси, во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави оо повод учеството на Генерално собрание на Обединетите нации.

Во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, Пендаровски го посетил училиштето за деца со попреченост „Џеси Џеј Каплан“, каде што се запознале со организацијата, методите и работењето на училиштето во кое се комбинирани високообразовни стандарди, медицински сестри и терапии, со цел учениците со попреченост целосно да ги остварат своите потенцијали.

-На средбата со раководството на училиштето беше разговарано за важноста од инклузивното образование, состојбата и можностите во однос на обезбедување соодветни и стимулативни средини за образование на децата со попреченост, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Шефот на државата во Њу Џерси ја посетил и компанијата „Фаст Пек Трејдинг“ во сопственост на Иванчо Ивановски, при што бил запознат со функционирањето и развојот на компаниите, соработката што ја остваруваат и условите за работа во американското општество.

-Претседателот Пендаровски оствари средба со истакнати припадници на бизнис-заедницата и македонската дијаспора од Њу Џерси, како и средба со македонски професионалци од Њујорк, на коишто беше запознаен со нивните тековни активности и учеството во општествениот, економскиот, културниот и политичкиот живот на САД. Во разговорите со нив, претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава е горда на успесите на македонската заедница во САД. Тој посочи дека како етаблирани членови на американското општество, претставниците на македонската дијаспора, имаат значајна улога во унапредувањето на севкупните билатерални односи, застапување на интересите и афирмација на нашата држава, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски