Претседателот Пендаровски во посета на Куманово

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ престојува во Куманово, каде што го посети основното училиште „Толи Зордумис“, а се сретна и со докторката Нурие Алији и метеорологот Борис Секирарски.

Во училиштето „Толи Зордумис“ наставата се одржува на македонски и албански јазик, а како што информираат од претседателскиот кабинет, во него е имплементиран Нансен моделот за интеркултурно образование што ги интегрира учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници преку современ воспитно – образовен процес.

За време на посетата на Куманово, претседателот Пендаровски се сретнал со докторката Нурие Алији, која над 20 години се грижи за здравјето на жените во Куманово. Претседателот посочи дека треба да се истакнуваат позитивните примери во општеството, како што е Алији.

Пендаровски го посетил и метеорологот Борис Секирарски, кој повеќе од три децении работи во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Скопје, а е носител на повеќе домашни и меѓународни признанија за своите иновации.

-Следејќи ги климатските промени и последиците од нив, Секирарски го создал единствениот по функција македонски ИоТ (IoT Internet of things) уред наречен ЕЛИФ (Electronically Leed Internet Forecast), чија функција е предвидување на поплави и невреме. Секирарски, исто така, работи на поновиот систем ЕЛИФА за следење на промените на квалитетот на воздухот над поширок регион. Меѓу поновите негови успеси е системот кој ги обединува сите негови напори на полето на климатските промени, наречен ЕлифЕРС (ELIF – Emergency Response System). Со него во регионот ќе можат да работат кризните штабови од различни нивоа и постојано да имаат проценки за различни закани од природата, информира претседателскиот кабинет.

Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е инициран во изборната програма на претседателот Пендаровски, а целта е преку посети на населените места во земјава тој да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеите за нивно надминување.

Би можело да ве интересира

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!

(ВИДЕО) Пендаровски: На 24 април заокружете број еден за стабилност во следните уште пет години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Силјановска потврди дека историските прашања не се услов за влез во ЕУ

Пендаровски за Мицкоски: Стравот е толку голем и му излегува од очи, да не случајно му се врати Груевски

Предраг Петровиќ

Пендаровски од Брвеница: Ќе продолжам да градам мостови на соживот

А1он