Претседателот Пендаровски во посета на Израел

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 22 и 23 јануари 2020 година ќе престојува во посета на Државата Израел, каде ќе учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц – Биркенау.

Форумот ќе се одржи во Светскиот меморијален центар на Холокаустот Јад Вашем во Ерусалим на 23 јануари, а се очекува присуство на над 40 шефови на држави и влади, како и членови на кралски семејства.

Во рамки на форумот претседателот Пендаровски ќе присуствува на конференцијата на тема „Сеќавање на Холокаустот и борба против Антисемитизмот“, како и на меморијална церемонија за полагање цвеќе.

Претседателот Пендаровски ќе оствари билатерална средба со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин, како и со други шефови на држави и влади учесници на форумот.

За време на присуството на форумот во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски