Претседателот Пендаровски се сретна со амбасадорот Која

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, разменија мислења и информации за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада, како и за предизвиците и приоритетите во претстојниот период во контекст на европските аспирации на земјата.

Амбасадорот Која го запозна претседателот Пендаровски со тековните активности на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Соработката меѓу домашните институции и Мисијата на ОБСЕ во Скопје трае повеќе години во различни области и на повеќе програми, при што Мисијата на ОБСЕ дава советодавна и програмска поддршка во реформа на полицијата, медиумски слободи, изборните реформи, родова еднаквост, добро владеење, човекови права, спроведување на интегрирано образование.

Соговорниците, исто така, разменија мислење и за предизвиците во справувањето со пандемијата на КОВИД-19, како и за мерките кои се преземаат на национално и локално ниво од институциите во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски