Претседателот Пендаровски прими претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ги прими Иван Џепароски, Љупчо Митковски и Љубомир Гајдов, претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво.

Соговорниците го запознаа претседателот Пендаровски со нивните проблеми и предизвици, со иницијативите и актуелните проекти за нивното надминување, како и со визијата и стратегијата за реформа, афирмација и промоција на филозофското образование.

На средбата беше нагласено дека филозофијата ги учи младите да размислуваат методски и ги воведува во моралните и естетските вредности.

Претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од натамошно негување на креативното изразување, како и неопходноста од поттикнувањето на критичката и филозофската мисла, како значајна придобивка и еден од основните предуслови за развивање на демократските капацитети на секое општество.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!