Претседателот Пендаровски на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Братислава ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“, каде ќе има собраќање на тема „Западен Балкан по Ковид-19“.

За време на работната посета на Братислава, предвидено е Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, да оствари билатерална средба со Сузана Чапутова, претседателка на Словачката Република, Мирослав Лајчак специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други прашања за Западен Балкан и Олга Стефанишина, заменик премиерка за европска и евроатлантска интеграција на Украина.

Годинешниот форум „ГЛОБСЕК 2020“ се одржува под мотото „Заеднички да го излечиме светот – опоравување по целосното затворање“, а темите на дискусија се фокусирани на влијанието на кризата од Ковид-19 врз повеќе сфери од општествениот, економскиот, социјалниот и политичкиот живот, како и можностите за изнаоѓање одржливи решенија во периодот што следи.

На конференцијата ќе учествуваат шефови на држави и влади, министри за надворешни работи, парламентарни делегации, претставници од бизнис заедницата, како и бројни претставници на влијателни меѓународни невладини и тинк-тенк организации од Европа и светот. Сесиите во рамки на ГЛОБСЕК можат да се проследат со пренос во живо преку  нивната веб-страница: https://www.globsec-week.globsec.org/bratislava-forum, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски