Претседателот Пендаровски го прими Дејан Георгиевски, македонскиот олимписки вицешампион во таеквондо

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Дејан Георгиевски, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал во таеквондо.

Претседателот Пендаровски честитајќи му го извонредното постигнување и освоениот медал на Дејан Георгиевски, истакна дека неговиот успех донесе огромна слава и радост за цела држава и претставуваше чин којшто ги сплоти сите граѓани.

„Ви благодарам во името на сите граѓани што не направивте горди и што потврдивте дека со голем напор и залагање, професионалност и посветеност нема недостижни цели. Дадовте пример за сите македонски спортисти дека можат да се освојуваат светските спортски тронови, пример кој се надевам ќе го следат младите“, рече претседателот Пендаровски на средбата.

Претседателот изрази надеж дека ова е само почеток на големите успеси, како на Дејан Георгиевски, така и на овој спорт во нашата држава и даде уверување дека секогаш македонските спортисти ќе ја имаат неговата поддршка.

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, што претставува историски најголем успех на македонски спортист постигнат на Олимписки игри од независноста на нашата држава.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата