Претседателот Пендаровски го честиташе католички Велигден

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка до скопскиот бискуп и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

Во честитката Пендаровски посакува празникот на Христовото воскреснување да донесе мир, хармонија, радост и неизмерна љубов.

„Верувам дека празникот на светлината ќе ги отвори нашите срца и ќе ги зацврсти нашата вера и духовност, инспирирајќи нè на благородни дела. Годинава, за жал, празникот ќе го дочекаме во поинаква атмосфера, обременети со заканата од КОВИД-19 што налага и промена на нашите навики, однесување и дејствување. Затоа токму сега најмногу ни е потребна верба, храброст и доверба. А има ли поголема духовна поткрепа и надеж од Христовата победа над смртта, да истраеме и сплотени да излеземе како победници. Затоа светлината на Велигден нека ни дава сила и верба во искушенијата што ни претстојат. Нека е за многу години големиот празник!, стои во честитката од Пендаровски.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска