Претседателот на СДММ ќе учествува на eвропско-aмериканската Конференција за млади лидери во Ербил

Од:

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефан Богоев, во периодот од 25 до 29 мај ќе учествува на eвропско – aмериканската Конференција за млади лидери, што ќе се одржи во Ербил, Курдистан – Ирак.

Програмата за млади лидери се развива од 1973, со цел да ги детектира глобалните проблеми и предизвици.

Конференцијата за млади лидери е воведена од 2001 година. Обезбедува поврзување и дијалог на ниво на Европа, од ЕУ и надвор од ЕУ, како и на претставниците помеѓу  ЕУ и САД. Конференцијата е под покровителство на Глобал Бриџис.

Претседателот на СДММ,  Богоев, на Конференцијата е назначен за известувач во работната група Б, којашто ќе дискутира на темата: Улогата на ЕУ, НАТО, САД во турските надворешни односи.

Се очекува на дебатата да се отворат и други важни прашања, во врска со состојбите на Балканот.

Денеска мрежата на Млади лидери има учесници од повеќе од 40 европски земји, САД, Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он