А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Претседателот на ЕК Јункер в недела во Македонија

by А1он22/02/2018 - 12:13204
Share0

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер в недела на 25 февруари ќе ја посети Република Македонија како прва земја од неговата турнеја низ државите од Западен Балкан, чија цел е промоција на новата Стратегија на ЕУ за проширување.

Добивај вести на вибер

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи најавувајќи ја посетата на Јункер непосредно по презентацијата на Стратегијата во Стразбур, истакна дека таа ќе претставува охрабрување на владите да ги удвојат напорите за постигнување на нови скратени таргети.

– Стратегијата ги исполнува сите очекувања на Македонија бидејќи се валоризираат успесите на земјата во однос на реформите, најавува подготвеност да се даде чиста препорака од страна на ЕК за отворање на преговорите и овозможува да нема диференцирање на земјите во однос на можноста за членство, туку нивно оценување според постигнатите резултати, оцени Османи.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, пак, вчера изјави дека посетата на претседателот на ЕК, Јункер на Скопје е порака сама по себе.

– Европската комисија на многу јасен начин спомна во Стратегијата дека местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ. Неговата порака е охрабрувачка да ги забрзате реформските процеси со што ќе го скусите патот до ЕУ. Вратите на Унијата се отворени, а временската рамка е 2025 до кога секоја земја може да ја стигне другата во процесот, вели Жбогар.

Стратегијата на Европската комисија за кредибилната перспектива за проширување кон Западен Балкан беше презентирана на 6 февраури во Стразбур. Во неа ЕК почарува дека нема да увезува билатералните спорови. Приемот за Црна Гора и Србија во ЕУ се предвидува до крајот на 2025 година, со тоа што пристапните преговори би завршиле во 2023 година. Македонија и Албанија се очекува да ги почнат преговорите во 2019 година.

EKjunker

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

Горан Наумовски03/12/2025 - 14:13

Националниот совет за евроинтеграции со еден глас: Крајно време е ЕУ да ги започне пристапните преговори за членство

Ана Ололовска03/12/2021 - 13:4903/12/2021 - 14:13

Остварен добар напредок, особено во подготовката и спроведувањето на Пописот 2021, се вели во Извештајот на ЕК

Ана Ололовска20/10/2021 - 11:09

ЕК: Постигнат е напредок во економската и социјалната политика, но има уште неисполнети препораки

Ана Ололовска20/10/2021 - 10:5820/10/2021 - 11:01

Извештај на ЕК за напредокот на Македонија: Земјата задржа постојан и одлучен тек во реформите

А1он19/10/2021 - 18:4220/10/2021 - 08:11

ЕК: Ниедна земја членка не смее да се меша во домашна политика на други земји

Ана Ололовска07/10/2021 - 13:4407/10/2021 - 13:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен