Претседателот Иванов во посета на МНР

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе го посети Министерството за надворешни работи каде ќе оствари работна средба со министерот Никола Попоски и со политичките директори во министерството.

На средбата претседателот Иванов ќе биде информиран за текот на подготовките поврзани со претседавањето на Република Македонија со двете регионални иницијативи -Процесот за соработка во Југоисточна Европа и форумот посветен на Дијалогот на цивилизациите, како и за подготовките за претстојните самити, чиј домаќин ќе биде Македонија.

Ова е трета посета на претседателот Иванов на Министерството за надворешни работи што се реализира најмалку еднаш годишно.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток