Претседателот Иванов во официјална посета на Србија

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во официјална посета на Република Србија, каде денеска во главниот град ќе има средба со неговиот домаќин претседателот Томислав Николиќ.

На средбата со претседателот Николиќ се очекува да бидат потврдени добрососедските односи, да продолжи да се јакне севкупната соработка, особено во економијата и регионалната соработка.

Македонскиот претседателот Иванов денеска ќе има работна средба и со претседателката на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ.

За време на официјалната посета, Иванов во Панчево ќе оствари средби со претставници на македонското национално малцинство во Република Србија.

Утре во Белград претседателот Иванов ќе учествува на 38-та средба на Европската група на Трилатералната комисија, што се оценува како собир на највлијателните луѓе во светот односно се смета за „светска влада во сенка“.

Најважната личност од светот на бизнисот која се очекува да присуствува на конференцијата, според овдешните медиуми, е Питер Сатерленд, претседател на најголемата инвестициска банка „Голдман Сакс“. Од регионот поканети да присуствуваат на оваа средба се македонскиот претседател Иванов, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, како и членот на претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ. Учеството на Трилатераната конференција вчера го откажа претседателката на Косово Атифете Јахјага.

Инаку, 38-та средба на Европската група на Трилатералната комисија ќе започне вечер, а се очекува на отворањето да се обрати српскиот премиер Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on