Претседателот Ѓорге Иванов и баронесата Франсис Д’Соуза, претседател на Горниот дом на Британскиот парламент, на денешната средба во Скопје, разменија мислења околу билатералните односи меѓу двете земји, економската соработка, како и за состојбите и перспективите на земјите од регионот за членство во Европската унија и НАТО.
Во тој контекст, претседателот Иванов нагласи дека единствена движечка сила во регионот која упатува на соработка и взаемна поддршка и со која се истиснуваат анимозитетите и предрасудите од минатото, е идејата за Европа.
Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази очекување земјите членки на ЕУ, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, да бидат адвокати на македонските аспирации за членство во евро-атланските структури, да помогнат и да ги забрзаат тие процеси.
На средбата претседателот Иванов изрази задоволство од посетата на баронесата Д’Соуза, истакнувајќи дека Република Македонија во континуитет придава особено значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство.