Претседателот Иванов се сретна со Субрата Рој

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов на денешната средба со основачот и сопственик на индиската компанија „Сахара Индија Паривар”, Субрата Рој бил информиран за сферите на интерес за инвестирање во Република Македонија, како и за почетокот на подготовките за реализација на проектот „Сахаријан Македонија“.

Претседателот Иванов, како што е наведено во соопштението од неговиот Кабинет, изразил задоволство од искажаниот интерес за инвестирање во Република Македонија, како и за конкретизација на проектите, што во голема мера позитивно се одразува на јакнењето на македонско – индиските односи и соработка.

Македонскиот претседател изразил интерес и подготвеност за проширување на билатералните односи и соработка, како на политички план, така и во повеќе области од заеднички интерес со акцент на земјоделството, туризмот и културата.

На средбата биле разменети мислења и информации за потенцијалите со кои располага Македонија, за можностите и за предностите кои ги нуди земјава за странските инвеститори. Притоа, претседателот Иванов ги потенцирал континуираните напори што Република Македонија ги презема во насока на подобрување на економската клима и привлекување странски инвестиции.

Соговорниците констатирале дека двете земји имаат широка перспектива за продлабочување на билатералните односи, кои се традиционално пријателски и ја реафирмирале подготвеноста за унапредување на соработката и нејзино конкретизирање со натамошни проекти.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on