Претседателот Иванов се сретна со Ердоган

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера попладне во Истанбул се сретна со турскиот претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Како што соопшти прес-службата на претседателот, двајцата претседатели изразија задоволство од високото ниво на севкупните политички односи и содржајната билатерална соработка меѓу Македонија и Турција.

Во разговорите претседателот Иванов и претседателот Ердоган разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, односно за престојните претседателски избори во Република Македонија и за локалните избори во Република Турција.

Македонскиот претседател изрази сочуство до турскиот претедател за неодамнешната несреќа во Истанбул, каде што при рушење на зграда животот го загубија повеќе лица.

На средбата двајцата претседатели разменија мислења и за тековните случувања и предизвици со кои се соочува регионот и Европа, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција е подготвена да преземе поголема одговорност во рамките на НАТО

А1он

Ердоган го обвини Израел: Се обидуваат да го уништат договорот меѓу САД и Иран!

А1он

Израелските разузнавачи тврдат: Џеј Ди Венс му го открил на Ердоган тајниот план за соборување на владата во Иран

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нетанјаху го прозва Ердоган: 400 години отоманско владеење завршија, би било мудро да се смири“

Ердоган: Турција мора да биде вклучена во европската одбрана

А1он

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он