За Нетанјаху турскиот претседател Ердоган е „антисемитски диктатор“

Од:

Канцеларијата на израелскиот премиер – Бенјамин Нетанјаху го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „антисемитски диктатор“.

– Ердоган е антисемитски диктатор кој ги масакрира Курдите, кој изрази поддршка за масакрот на терористичката организација Хамас и кој го угнетува сопствениот народ, соопшти канцеларијата на Нетанјаху.

Во соопштението се наведува и дека Израел ќе дејствува против „обидите на Турција да го дестабилизира регионот“.

Ваквата реакција на Израел следува по денешната објава дека Турција започнала постапка за поднесување барање до Интерпол за издавање црвена потерница за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште неколку лица, одговорни за пресретнувањето на хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“.

Како што објави турскиот провладини весник „Јени Шафак“, барањето за меѓународно апсење веќе е доставено до турското Министерство за надворешни работи, кое треба да ја спроведе процедурата пред Интерпол.

Покрај Нетанјаху, за истиот инцидент Анкара бара потерница и за израелскиот државјанин Афек Москович.

Турскиот министер за правда Акин Ѓурлек во објава на социјалната мрежа „Икс“ посочи дека барањето за црвена потерница е поднесено во согласност со налозите за апсење што турските власти ги издадоа на 14 јули годинава.

Според него, Нетанјаху и Москович се товарaт за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои „геноцид“, „злосторства против човештвото“, „мачење“, „намерно нанесување телесни повреди“, „противправно лишување од слобода“, „киднапирање превозни средства“, „тешка кражба“ и „оштетување имот“.

Би можело да ве интересира

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

По изборите во Израел, Ајзенкот најави смена на Нетанјаху

Нетанјаху најави најголема воена операција на Западниот Брег уште од 1967 година

А1он

Аракчи: Нетанјаху ги вовлекува САД во уште една војна само за да не заврши во затвор

А1он

ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор