Ердоган: Турција е подготвена да преземе поголема одговорност во рамките на НАТО

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека Турција е подготвена да преземе поголема одговорност за пофер распределба на товарот во НАТО.

Ердоган, по самитот на НАТО одржан во Анкара, рече дека „самитот ги постави темелите за посилен сојуз“, пренесува Танјуг.

Зборувајќи на крајот од конференцијата во Анкара, Ердоган на прес-конференција изјави дека солидарноста меѓу сојузниците на НАТО била многу очигледна за време на самитот.

Порано денес, американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека самитот на НАТО во Анкара бил многу успешен, посочувајќи дека членовите на Алијансата постигнуваат голем напредок кон целта за издвојување на пет проценти од БДП за одбрана, а своето обраќање во турската престолнина го започна со пофалба на Турција како домаќин.

Би можело да ве интересира

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он