Претседателот Ѓорге Иванов пристигна во официјална посета на Босна и Херцеговина. Со највисоки државни почести пред зградата на Претседателството на БиХ Иванов беше пречекан од претседателот на претседателството, Бакир Изетбеговиќ, јави агенцијата Анадолија.
Претседателот Иванов се среќава и со членовите на претседателството Жељко Комшиќ и Небојша Радмановиќ, по што ќе се сретне со Претседателот на Советот на министри, Вјекослав Беванда, како и со претседателите на двата дома на босанскиот парламент.
Во придружба на претседателот Иванов е и бројна македонска делегација. Најавено е дека министерот за цивилни работи Средоје Новиќ и заменик-министерот за македонското Министерство за здравство Јовица Андовски ќе потпишат Договор за соработка во областа на здравството и медицинските науки.