Претседателот Иванов на средба на лидерите од Брдо процесот

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Брдо кај Крањ, ќе учествува на средбата на лидерите од Брдо процесот, неформална иницијатива за соработка меѓу земјите од регионот во контекст на аспирациите за членство во евро-атлантските организации.

На средбата, на која ќе присуствува и францускиот претседател Франсоа Оланд, како и претставници на Европската унија, лидерите на државите од Брдо процесот ќе дебатираат за клучните проблеми и можностите на регионот за интеграција во ЕУ.

Претседателот Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на состанокот, а предвидени се и повеќе билатерални средби со учесниците на Брдо процесот.

На средбата, иницирана од претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Иво Јосиповиќ, е најавено учество на претседателите на Албанија Бујар Нишани, на Косово Атифете Јахјага, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Србија Томислав Николиќ, како и  на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ,  Небојша Радмановиќ и Бакир Изетбеговиќ.

На состанокот во Брдо ќе учествува и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on