Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов денеска присуствуваше во Валандово на спортско-културната манифестација „Спортски бон-тон“ која се одржува под негово покровителство во рамки на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот“.
Преку проектот, нагласи претседателот Иванов, децата треба да почувствуваат дека целиот живот е борба во која, подвлече, треба другарчиња да ве бодрат и поддржуваат.
– Промовираме спортски игри низ кои децата ќе видат каква е атмосферата надвор од нивните домови, да научат да преку спортот, бидат толерантни, солидарни, да си помагаат едни на други во животот, да го почувствуваат духот на младешкиот живот и да научат дека во Македонија има и муслиман и христијани и да научат да ја почитуваат нашата мултиетничност, рече претседателот Иванов.
Иван Атанасовски од геостратешкиот институт „Глобал“, кој е носител на проектот, истакна дека целта е преку промовирање на спортот децата и младите од различна етничка припадност да се социјализираат и да се оттргнат од компјутерите.
Проектот се реализира со поддршка од амбасадата на САД во Македонија и осумте општини вклучени во него.