Претседателот Иванов на „Спортски бон-тон“ во општина Теарце

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов заедно со амбасадорот на САД Пол Волерс денеска присуствуваа на спортско-културната манифестација што се одржа во адаптираната сала на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Теарце.

Целта на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот – Спортски Бон-Тон“ е промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.

– Проектот „Спортски бон – тон“ продолжува со што им се дава можности за дружење на учениците од различни краеви на државата, но истовремено младите да научат како да постапуваат и како натпреварувачи и како гледачи и тоа да го применуваат во своите средини. Ова е можност за заемно запознавање на децата од различни општини бидејќи Теарце е одличен пример на соживот на различни етнички и верски заедници поради што денеска имаме и претставници и на верските заедници. Сакаме младите да ја запознаат сета различност во Македонија и да учат, да се почитуваат меѓусебе и разбираат и заедно да растат во еден поинаков амбиент што ќе им овозможи заемна комуникација, другарување и заедничко чуствување на сето она што го имаме како држава, рече претседателот Иванов, кој е и покровител на проектот.

Амбасадорот Волерс им се заблагодарам на претседателот Иванов, градоначалникот на општина Теарце и организацијата „Глобал“ за нивната напорна работа на Спортски бон-тон.

– Сметам дека тоа е вистински пример на спортско однесување и како младите да работат заедно. Американската амбасада со гордост го поддржува овој одличен проект на „Глобал“ низ цела Македонија преку кој се учи за спортското однесување, толеранцијата и како да се работи како тим и кај децата и во државата во целина, изјави Волерс.

Градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани рече дека го информирал претседателот Иванов за состојбите во општината и проблемите со кои се соочуваат во работењето.

– Денешниот дождлив ден е уште еден аргумент дека во Теарце недостасува сала и добив ветување од претседателот Иванов дека од следната година ќе започне изградба на спортска сала за потребите на жителите на општината, рече Асани.

Носител на проектот е Здружението за развојни иницијативи – Геостратешки институт „Глобал“ во партнерство со општините вклучени во неговата реализација – Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on