Претседателот Иванов на Седона Форумот во Аризона

Од:

Форумот Седона, затворен собир на високи политички и бизнис претставници од САД и од светот, синоќа почна со работа во планините во близина на градчето Седона во Аризона.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој беше поканет од страна на Институтот на американскиот сенатор Џон Мекејн кој е организатор на овој форум, имаше средба со американскиот потпретседател Џо Бајден. Иванов, на вечерата со која се отвори форумот, беше на свечената маса со потпретседателот Бајден, сенаторот Мекејн, како и претседателот на Грузија, Михаил Сакашвили.

Со исклучок на воведната дискусија, меѓу Бајден и Мекејн, која беше отворена за јавноста, предвидено е сите средби и разговори на форумот да се кријат подалеку од јавноста. Потпретседателот Бајден, во Белата куќа, е задолжен за формулирањето на американската политика кон балканските држави. Во дискусијата со сенаторот Мекејн, Бајден се заложи за помирување меѓу балканските држави, со отворена дискусија за тешкиот период на блиското минато, и соочување со злосторствата извршени од секоја страна.

– Мораме да дојдеме до ситуација да откриеме кој е одговорен за извршентие дела, и како дошло до тоа што се случило. Единствен начин да ги победиме демоните е ако искрено и директно признаеме што се случило. Толку напорно работевме во Босна и во Косово, јас и сенаторот Мекејн бевме меѓу најсилнтие гласови кои бараа да се отвори трибунал за воени злосторства. Потребно е секоја нација да го прифати тоа што го сториле нејзините претставници, не смее да се дозволи луѓето да велат дека не знаеле што се случувало.

Најдобрата работа што ја направи Германија беа трибуналите за воените злосторства, бидејќи на тој начин станаа голема демократија како што се денес. Инсистираме истото да се случи и во Србија, и на Балканот. Тоа е пат за нацијата да нема да молчи околу овие настани, изјави Бајден во своето обраќање, во кое фокусот го стави на актуелните домашни политички настани во САД како што е расправата околу законите за пристапот до оружјето.

Претседателот Иванов, кој во САД допатува од посетата на Канада, имаше и подолга средба со канадскиот министер за одбрана Питер Мекеј, кој исто така учествува на форумот Седона.

Предвидено е претседателот Иванов да учествува на денешната панел дискусија, која ќе биде посветена на интеграциите во Европа. Главна тема на Седона Форумот е ширењето и одбраната на демократијата во светот. Мекејн, како водечки републикански сенатор задолжен за надворешната политика, преку својот институт работи на градење на американската политика кон светот, пред се Иран, Авганистан и другите клучни кризни жаришта, но и кон Европа.

На конференцијата учествуваат водечките сенатори и поранешни сенатори ангажирани во областа на надворешната политика, како Кели Ајот и Џо Либерман. На форумот учествуваат и некои од поранешните архитекти на американската надворешна политика како Пол Волфовиц, но и водечки деловни личности како Џеф Имелт од Џенерал Електрик и Бил Сајмон од Волмарт.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов