Претседателот Иванов на Минхенската безбедносна конференција

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе учествува на 49-та Минхенска безбедносна конференција, која ќе се одржи од денеска до 3. февруари во Минхен, Сојузна Република Германија.

На Минхенската безбедносна конференција претседателот Иванов ќе се обрати на сесијата на тема „Безбедност и стабилност во Југоисточна Европа и Кавказот”, со која ќе претседава Марти Ахтисари, добитник на Нобелова награда за мир и поранешен претседател на Република Финска.

Покрај дискусиите за традиционални теми, како што се трансатлантската и европската безбедносна архитектура и иднината на европската одбрана, на годинашната Конференција ќе се расправа и за иднината на еврозоната, иднината на Европската унија,  сајбер безбедноста, справувањето со тековната криза во Мали и Сирија, како и Иранското прашање и баланс на силите во регионот.

На 49. Конференцијата во Минхен, учество најавија над 130 шефови на држави и влади и други високи функционери, меѓу кои Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, потпретседателот на САД, Џо Бајден, Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.

Претседателот Иванов, на маргините на  Конференцијата ќе оствари билатерални средби со високи функционери од повеќе земји, на кои ќе се потенцираат сите прашања од сферата на безбедноста и уделот на Република Македонија во меѓународните мисии.

На Минхенската безбедносна конференција ќе учествува и шефот на дипломатијата Никола Попоски, кој е во состав на делегацијата предводена од претседателот Иванов. Предвидено е министерот Попоски да оствари повеќе билатерални средби со свои колеги, кои ќе бидат присутни на форумот.

Минхенската безбедносна конференција првпат е одржана во 1963 година, а ја иницирал Евалд Фон Клајст. Од 1999 година до денес во конференцијата се вклучуваат се повеќе земји од централна и источна Европа, азиските држави, а учествуваат и претставници од бизнис секторот.

Минхенската конференција се смета за најважен независен светски безбедносен форум, на кој носителите на одлуките од областа на надворешната и безбедносна политика на глобално ниво, одржуваат дебати и разменуваат мислења за актуелните и идни безбедносни предизвици.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов