Претседателот Иванов на Глобален форум на Алијансата на цивилизации во Виена

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска ќе учествува на 5. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации ОН (UNAoC), што се одржува во Виена.

Во текот на тридневниот форум посветен на темата „Одговорното лидерство во различностите и дијалогот“, шефот на македонската држава ќе се обрати на пленарната сесија предвидена за утре претпладне како дел од активностите за отворање на настанот.

На маргините на форумот, Иванов денеска попладне ќе има средба со австрискиот претседател Хајнц Фишер, со заменик-генералниот директор на Oрганизацијата на Обединетите нации за индустриски развој (УНИДО) Таизо Нишикава и со генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Ламберто Заниер.

За утре се предвидени средби на македонскиот претседател  со премиерот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и со високиот претставник на ОН за Алијансата на цивилизации, Назир Адбиулазис Ал-Насер.

Форумот во Виена ќе обедини политички лидери, претставници на меѓународни и регионални тела,  на приватниот и невладиниот сектор, младински организации, донаторски агенции и фондации…, кои треба да понудат нови начини за промоција на меѓукултурниот дијалог и разбирање. Фокусот на нивните дискусии е посветен на промоцијата, заштитата и целосното уживање на универзалното право на верска слобода во светло на религиозниот плурализам преку едукација, медиумски плурализам и разновидност на медиумската содржина како клучни фактори за поттикнување јавна дебата, демократија и свест за различноста на мислењата и потенцијали и предизвици на обликувањето нова приказна за миграција, интеграција и мобилност во глобалната економија.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on