Претседателот Иванов на форум „Мир и спорт“ во Русија

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска до петок ќе престојува во Руската Федерација каде што ќе учествува на шестиот Меѓународен форум „Мир и спорт“ што се одржува во Сочи.

Како еден од главните говорници, претседателот Иванов ќе се обрати на свечената церемонија на отворањето на форумот што и годинава се одржува под покровителство на принцот Алберт Втори од Монако.

На форумот е најавено учество на повеќе од 700 делегати од стотина држави, меѓу кои политички лидери, бизнисмени, претставници на меѓународните организации, граѓанското општество, Меѓународниот олимписки комитет и спортисти.

Претседателот Иванов втор пат учествува на овој форум. Минатата година тој присуствуваше на форумот што се одржа во Монако.

Меѓународниот форум „Мир и спорт“ е инициран во 2007 година со цел да придонесе кон одржување и негување на мирот во светот преку спортот, односно поттикнување на соработката и размена на искуства во насока на креирање иницијативи преку кои спортот ќе биде ставен во функција на мирот.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on