Претседателот Иванов ќе се вклучи во борбата и превенцијата на семејното насилство

Од:

Во Македонија годинава се регистрирани околу 700 случаи на семејно насилство. Од вкупниот број жртви на семејното насилство околу 580 се жени, 60 деца, а останатите се мажи. Најчеста форма е физичкото семејно насилство, иако има и други форми како психичко, економско…

За борба и превентива на семејното насилство, но и за поддршка на жртвите е изготвена Национална стратегија за борба против семејно насилство 2012-2015 година, која денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски му ја презентираше на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој најавил активно вклучување и поддршка на овие напори.

– За нас како Министерство и Влада од исклучително значење е сензибилизацијата по ова прашање на највисоко државно ниво. Директното вклучување и поддршката што денеска ја добивме и од претседателот Иванов е од големо значење. Ние ќе продолжиме и натаму во насока на квалитетна превентивна борба, но во зголемувањето на поддршката на жртвите на семејното насилство кои не по своја вина се нашле во таква ситуација, рече министерот Ристовски.

Тој најави дека го информирал претседателот и за новиот шелтер центар кој ќе биде отворен на територија на општината Гази Баба со поддршка на УНДП и локалната самоуправа.

Шелтер центарот, како што информира градоначалникот на општината Гази Баба, треба да биде завршен и пуштен во употреба за околу еден месец.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on