Претседателот Иванов ќе одржи предавање на Универзитетот Џорџтаун во Доха

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја продолжува официјалната посета на Катар. Тој денеска на Универзитетот Џорџтаун во Доха ќе одржи предавање на тема „Балканот и Заливот: крстосница на цивилизациите“.

Според агендата, македонската делегација во чиј состав е и министерот за економија Ваљон Сарачини, ќе го посети Паркот на науката и технологијата во Доха.

Со цел понатамошно унапредување на договорната рамка меѓу двете држави, министерот Сарачини вчера потпиша Меморандум за разбирање за туристичка соработка меѓу двете земји, а беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и Катар.

Македонија и Катар досега имаат потпишано и договори за избегнување двојно оданочување, за соработка во сферата на образованието, во земјоделството и за взаемна заштита на инвестициите.

Сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова во рамки на официјалната посета ќе оствари средба со Шеика Моза бин Насер, сопруга на емирот на Катар и ќе го посети Шафалах центарот за деца со посебни потреби.

Ова е прва официјална посета на претседателот Иванов на Катар, која се реализира по дводневната официјална посета на катарскиот емир Хамад бин Калифа ал Тани на Македонија во октомври 2011 година.

Покрај официјалните посети, претседателот Иванов и емирот ал Тани досега имаат остварено повеќе билатерални средби на маргините на меѓународните настани на кои учествувале.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on