Претседателот Иванов испрати честитка на новиот папа Франсис

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов упати честитка до новиот папа на Римокатоличката црква, посакувајќи му притоа добро здравје, лична среќа и успешно вршење на мисијата.

Искрено се надевам дека вашиот високо ценет ангажман, вашата посветеност кон христијанските вредности и принципи, ќе овозможат да се соочите со бројните предизвици на денешницата. Воедно, верувам дека вашиот углед и авторитет ќе помогнат во одбраната на универзалните вредности за кои се залагаме, а кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот, толеранцијата и меѓусебната почит. На тој план, во мене и во Република Македонија, ќе имате партнер и пријател, вели претседателот Иванов во честитката.

Во неа шефот на државата изразува уверување дека во периодот што следи, пријателството и соработката меѓу Република Македонија и Светиот Престол уште повеќе ќе се зацврстуваат и продлабочуваат.

Повторувајќи ги моите честитки до вас и до сите верници на Католичката црква, посакувајќи Ви долг и благословен понтификат, Ви ги упатувам Ваша Светост, изразите на моето највисоко почитување, додава претседателот Иванов во честитката до папата Франсис.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on