Претседателот Иванов го прими романскиот министер Корлацеан

Од:

Романија целосно ја поддржува Република Македонија во евроатланските интеграции и сака да ја прошири и продлабочи севкупната соработка со нашата држава. Ова го истакнал министерот за надворешни работи на Романија Титус Корлацеан на денешната средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

– Тоа е и целта на мојата посета, да ја потврдам поддршката и да разговараме за можностите за продлабочена соработка, изјавил Корлацеан.

Двајцата соговорници, како што информира Кабинетот на претседателот Иванов, констатирале дека односите меѓу двете држави ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог. Во тој контекст, од македонска страна е изразен интерес за реализирање возвратна официјална посета на претседателот на Романија Трајан Басеску на Република Македонија.

На средбата биле разменети мислења и информации во врска со можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави, во сите области од заемен интерес, а посебен акцент бил ставен на економската соработка.

– Имајќи ги предвид потенцијалите на двете држави, блискоста и традиционалното пријателство, ценам дека со заемен ангажман економската соработка и трговската размена наредниот период може значително да се унапреди, истакнал претседателот Иванов.

На средбата било разговарано и за евроатланската интеграција на Република Македонија. Претседателот Иванов, по недонесувањето на одлука од Европскиот совет и по четири позитивни препораки да ни биде доделен датум за отпочнување на пристапните преговори, нагласил дека во околности, кога со години имаме блокада на интеграцијата, состојбата на status quo не носи ништо добро, туку напротив, создава фрустрации кај граѓаните и општеството, и можност за политизација на евроинтеграциите.

– И покрај сите блокади, земјата ќе продолжи со реформите за доброто на граѓаните. На нас е ние самите да работиме напорно на исполнувањето на стандардите и критериумите, самите да ја креираме и исполнуваме ЕУ агендата. Кога датумот ќе дојде ние ќе бидеме спремни, истакнал на средбата претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on